Законски и подзаконски акти
Закон за извршување на санкции

Со овој закон се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични дела и прекршоци (во понатамошниот текст : казниви дела). Санкциите изречени за кривични дела чие извршување се уредува со овој закон се казните, алтернативните мерки, мерките на безбедност и воспитните мерки. Санкциите изречени за прекршоци чие извршување се уредува со овој закон се казните мерките на безбедност и воспитните мерки.

На следниот линк може да го разгледате целиот документ.
Куќен ред за осудени лица

Со овој Куќен ред поблиску се определува организацијата на работата и начинот на живеењето на осудените лица во казнено-поправната установа (во понатамошниот текст: установата).

На следниот линк може да го разгледате целиот документ.
Куќен ред за притворени лица

Со овој Правилник се пропишува куќниот ред за извршување на мерката притвор во притворските одделенија на затворите. Лицата со изречена мерката притвор (во натамошниот текст: притворени лица) ја издржуваат во одделни простории на затворот (во натамошниот текст: притворски одделенија).

На следниот линк може да го разгледате целиот документ.
Упатство за осудени лица

Лицата кои издржуваат казна затвор во КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ , имаат право на две посети во месецот САБОТА ИЛИ НЕДЕЛА, од членовите на неговото потесно семејство, а по одобрение на директорот на установата можат да го посетуваат и други лица, кои претходно се наведени од осуденото лице во картон кој се пополнува при приемот во установата, со претходно закажување кај припадник на затворска полиција од полутворено одделение секој работен ден од 8.30 до петок до 12.00 часот, при што посетите се реализираат за лицата класифицирани во отворено и полуотворено одделение без присуство на службено лице а за осудените лица класифицирани во затворено одделение со присуство на службено лице.

На следниот линк може да го разгледате целиот документ.
Упатства за притворени лица

Лицата кои ја издржуваат мерката притвор во КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ можат да примаат пакети од неговото потесно семејство (татко, мајка, брат, сестра, сопруг или сопруга и полнолетни деца), лице кое има добиено дозвола од надлежен суд да донесе пакет како и неговиот бранител, СО ТЕЖИНА НА ПРАТКАТА ДО МАКСИМУМ 5 КГ,  со прехранбени производи, облека, обувки, постелнина или нужен прибор за лична хигиена, за пратките кои лично се донесени  на пријавницата на установата СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН (ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК) ВО ПЕРИОД ОД 9:00 до 15:00 часот, додека пакетите пратени по пошта се примаат секој работен ден.

На следниот линк може да го разгледате целиот документ.
Кодекс на облекување за странки

Сите странки должни се да го почитуваат овој неформален Кодекс на облекување од моментот на неговото донесување.

На следниот линк може да го разгледате целиот документ.