Прием на осудени лица упатени на издржување казна затвор се врши согласно Законот за извршување на санкциите, врз основа на Упатен акт издаден од Судија за извршување на санкциите на надлежниот суд и правосилна судска пресуда.
Процесот на ресоцијализација на осудените лица претставува основна функција на казнено- поправната и воспитна-поправната установа.
Целта на извршувањето на казната затвор е оспособување на осудените лица да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот во согласност со закон.
Заради постигнување на целта на извршувањето на казната затвор кај осудените ли- ца се развива чувството на одговорност и се поттикнуваат да го прифатат и активно да учествуваат во третманот за време на извршувањето на казната, мотивиран и насочен кон превоспитување и развивање на позитивните карактерни особини и способности што го забрзува успешното враќање во општеството.
Во приемното одделение осуденото лице се задржува до 15 дена. За овој временски период осуденото лице разговара со стручниот тим на установата составен од педагог, психолог, социјален работник и лекар – психијатар. Исто така се запознава и со куќниот ред на установата, правата и обврските за време на издржувањето на казната и начинот на нивно остварување.
Врз основа на добиените резултати од проучувањето на личноста на осуденото лице и од извршената проценка на ризик, се врши негова класификација во одредено одделение и распоредување во одредена третманска група заради применување на мерки и влијанија од ист или сличен вид.
Третманот на осуденото лице во текот на извршувањето на казната затвор се остварува заради адаптација на осуденото лице во установата, прифаќање на сопствената одговорност за извршеното кривично дело, прифаќање и активно учество на осуденото лице во реализирање на целите од индивидуално одредената програма за
третман, прифаќање и активно учество на осуденото лице во подготовката за постпеналниот период, како и заради социјална адаптација, особено кон оние осудени лица кои се спротивставуваат или го одбиваат третманот.
Осуденоте лица се подготвува за отпуштање од издржувањето на казната од почетокот на издржувањето на казната во установата. Активностите на подготвување за отпуштање на осуденото лице се интензивираат во последните три месеца пред истекот на казната, односно пред денот кога се претпоставува дека ќе биде отпуштено. Овие осудени лица се упатуваат во одделение за отпуштање во кое активностите за подготвување се остваруваат според посебна програма за подготвување за отпуштање на осудените лица.
Работното оспособување се врши од страна на инструктори и други оспособени лица кои со своето влијание придонесуваат за остварување на конкретните цели дефинирани во индивидуалната програма за третман на осуденото лице и тоа: промена на негативните ставови кон работата, развивање и поттикнување на интересот за работа, почитување на општата дисциплина во работата, соработка со другите осудени лица во работната група, како и соработка со другите стручни лица во спроведување на третманот.