Често поставувани прашања

Осудените лица имаат право да примаат посети од членови на потесното семејство, а по одобрение на директорот на установата може да ги посетуваат и други лица. Во потесно членови на потесно семејство спаѓаат : татко, мајка, брат, сестра, сопруга, сопруг, деца и посвоител.

Осудените лица имаат право да примаат пратки. Пратката може да содржи прехранбени производи што не се подложни на расипување и други работи кои не се забранети со куќниот ред на установата, а се набавени во трговската мрежа и се во оригинално пакување.Пратка може да се прими еднаш месечно. Тежината на пратката може да изнесува до 10 килограми. Пратките може да се доставуваат преку пошта или при посета на осуденото лице во деновите кога се врши посета.

Притворените лица не поседуваат парични средства во себе. Може да му се испратат паричните средства по пошта и истите се чуваат како негов депозит во затворот, а износот се евидентира во магацинската книга за депозит на притворени лица. Со паричните средства од депозитот притвореното лице може да набавува храна и други предмети кои може да ги поседува (дозволени согласно куќниот ред за притвор). Притвореното лице со паричниот депозит може да набавува храна од затворската кантина. Исто така членовите на неговото семејство може преку затворската кантина да му купат производи кои подоцна ќе му бидат дадени на притвореното лице.

Притвореното лице може да прими парични средства преку пошта на адреса на КПУ Затвор Скопје ул.Индира Ганди бр.11, поштенски фах 247, да биде наведено кој е испраќачот и кој е примачот. Во забелешка се пишува за кое лице се праќаат паричните средства.

Осудените лица имаат право да примаат парични пратки, при тоа парите со записник потпишан од службено лице од затворската полиција се предаваат на чување во благајната на установата, а осуденото лице може месечно да троши до 5.000,00 денари за лични потреби во осуденичката кантина-продавница, во кој износ се сметаат и парите кои осудените лица ги примаат како надомест за работа.

Осудените лица освен пратките кои ги примаат можат од затворската кантина да набавуваат храна, дозволени предмети и продукти.

Дозвола за посета на притворено лице на кое му е изречена мерка притвор дава судот. На лицата на кои им е определена мерка притвор од страна на Основен суд Скопје I посета може да се закаже секој работен ден на телефонскиот број 02/3115-706.  За останатите судови во Република Македонија посетата се реализира секој  1 и 2 и 15 и 16 – ти во месецот.

Напомена:

– доколку деновите се паднат за време на викенд, посетата се поместува за следните работни денови);

-Согласно  куќниот ред  за притворени лица  се известуваат  бранителите во однос на посетата на притворените лица дека истата може да ја  остварат доколку поседуваат полномошно и тоа во два примерока заверени со приемен печат од судот и потпис на судијата, од кои едниот примерок е во оригинал.

Притвореното лице може да прими храна кога истата е индустриски спакувана со декларација во пластична амбалажа, а не подготвена во домашни услови, спакувана во тетрапак, стаклена амбалажа или лимена амбалажа.

Лицата кои ја издржуваат мерката притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје можат да примаат пакети од нивното потесно семејство ( татко, мајка, брат, сестра, сопруг или сопруга и полнолетни деца), лице кое има дозвола од надлежен суд да донесе пакет, како и неговиот бранител, СО ТЕЖИНА НА ПРАТКАТА ДО МАКСИМУМ 5 КГ, со прехрамбени производи, облека, обувки, постелнина или нужен прибор за лична хигиена, за пратките кои лично се донесени на пријавницата на установата, СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ( ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК) ВО ПЕРИОД ОД 09:00 до 15:00 часот, додека пакетите пратени по пошта се примаат секој работен ден.

На ден 07.06.2022 година во 14,00 часот во Градска кафеана ДВОР Скопје одржан е работен состанок за избор на лица заради утврдување на предлози за помилување на осудени лица по повод Одлуката на Претседателот на Република Северна Македонија бр.616/1 од 01.06.2022 година за давање на помилување на поименично определени лица по повод 2-ри Август во организација на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје, на кој учествуваа 28 лица.