Притвор
Прием на притворени лица

Притворено лице може да се прими односно задржи во затвор само врзоснова на решение донесено од страна на надлежен суд со кое е одредена илипродолжена мерката притвор. Решението се доставува до затворот и притвореното лице.

Сместување на притворени лица

Притворените лица се сместуваат во посебни одделенија во затворот одвоено од осудените лица. Во зависност од расположливите капацитети за сместување, директорот на затворот или овластено службено лице ги распоредува притворените лица во притворското одделение на затворот. Во текот на траењето на мерката притвор од безбедносни причини, притвореното лице може да се преместува од просторија во просторија. Малолетните притворени лица се сместуваат одвоено од полнолетните.

Посета на притворени лица

Посетата на притворени лица се врши секој ден од Понеделник до Петок од 10 : 00 часот до 15 : 00 часот со добиено одобрение од суд.

Примање на пакети за притворени лица

Притвореното лице може да прима пакети со тежина до 5кг со облека, обувки, постелнина или лични предмети како и прехрамбени производи, кои се лично донесени или пратени по пошта. Испраќачот или доносителот кон пакетот треба да приложи попис на содржината. Пакети пратени по пошта се примаат секој ден . Од страна на директорот на затворот со дневниот распоред се одредуваат деновите и времето во кое се примаат пакетите.

Спровод и отпуштање од притворското одделение на затворот

Спровод на притворено лице се врши само по писмен налог од судот што ја води постапката. Спровод на притворено лице вршат припадници од секторот за обезбедување на затворот. Налогот за спровод се чува во соодветна документација за притворени лица до завршување на постапката. Отпуштањето на притвореното лице се врши по правосилно решение од судот што ја води постапката. Управата на затворот го отпушта притвореното лице по приемот на решението во определеното време.