Со овој закон се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични дела и прекршоци (во понатамошниот текст : казниви дела). Санкциите изречени за кривични дела чие извршување се уредува со овој закон се казните, алтернативните мерки, мерките на безбедност и воспитните мерки. Санкциите изречени за прекршоци чие извршување се уредува со овој закон се казните мерките на безбедност и воспитните мерки.